Прејди на содржината

Ватерло (мост)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мостот Ватерло
Waterloo Bridge
Темза и мостот Ватерло
НосиМоторни возила
пешаци
ПреминуваТемза
МестоЛондон, Англија
Особености
Најдолг распон71 m
Историја
Отворен1945
Местоположба
Карта

Мостот Ватерло (англиски: Waterloo Bridge) е мост кој се наоѓа над реката Темза во Лондон, Англија. Мостот се наоѓа помеѓу мостот Блекфрајарс и Хангерфорд. Овој мост ги поврзува Вестминстер и Ламбет[1].

Името на мостот произлегува од британската победа во Битката кај Ватерло во 1815 година. Првиот мост бил изграден во 1809-1810 година, од страна на Џон Рене. Денешниот мост пак бил изграден во 1945 година. Овој мост е сличен на Лондонскиот мост. Како една од најкарактерните разлики е тоа што мостот Ватерло има четири столбови, а Лондоснкиот два[2].

На овој мост, во 1978 година бил убиен бугарскиот писател Ѓорги Марков, по нарачка на бугарската Државна сигурност.

  1. Waterloo Bridge
  2. „Мосты Лондона. Ватерлоо“. Архивирано од изворникот на 2010-05-12. Посетено на 2010-08-29.